• Нежен сапун за капење со Cold крема и органски пчелин восок се користи секојдневно, за миење на лице и тело на бебиња и деца, како и на новороденчиња (вклучително и предвремено родени бебиња и бебиња во одделенијата за интензивна нега).
    Нежно ја чисти, ја хидрира и ја храни кожата, без да се појави ефектот на исушување кој настанува од тврдата вода.
    Пчелиниот восок од органскиот пчеларник, комбиниран со cold кремата е идеална нега и заштита на кожната бариера на бебешката и детската кожа. Церамидите и cold крема помагаат во обновувањето на хидролипидниот филм на кожата.
    Се прави пена во рацете и нежно се насапунуваат претходно навлажнетите тело и лице, потоа се исплакнува. Пакување: 100g.
  • Пена шампон против теменици за миење на чувствителната коса и кожа на главата кај новороденчињата кој истовремено ја отстранува теменицата и спречува нејзина повторно појавување.
    Нежно го чисти скалпот и може да се употребува од самото раѓање, вклучително и кај предвремено родените бебиња. Специјална формулација за капење без солзи.
    Екстракт од органски одгледано Avocado Perseose®, салицилна киселина (ßHA) која, како ексфолијант, која помага во отстранување на наслагите од себум. Антимикотик климбазол и благи сурфактанти кои нежно го чистат и спречуваат исушување на темето на главата. Не содржи сапун.
    Се нанесува мало количество од шампонот на водена коса. Нежно се масира и се остава  1-2 минути. Потоа  внимателно се плакне. Пакување: шише со пумпица, 150ml.
  • Серум за корекција на стрии – Овој серум делува на новонастанатите стрии балгодарејќи на големата хидрирачка моќ на активните супстанции.
    Овој серум со клинички докажана ефикасност, ја јакне кожата, ја враќа еластичноста и го подобрува изгледот намалувајќи ја должината, ширината и изгледот на стриите. Може да се користи и во тек на бременоста и после породувањето. Има лесна гел текстура и брзо се впива.
    Екстракт од масло од маракуја ја зајакнува еластичноста на кожата и ја прави мека и нежна. Масло од органски одгледано Avocado Perseose® кое содржи висока концентрација есенцијални масни киселини кои помагаат во обновувањето и одржувањето на хидролипидниот филм кој е ослабен во тек на бременоста Масло од органски одгледано авокадо и глицери од растително потекло.
    Наутро и навечер се нанесува  со капалка на стриајат или на дланките па се масира стријата (д ане се нанесува на ожилок од царски рез). Времетраење на третман – 8 недели. Пакување: стаклено шише со капалка, 45ml.
  • Смирувачки балзам за брадавици – ја смирува и обновува кожата на брадавиците и ја одржува удобна во текот на доењето.
    Посебно формулиран за заштита на осетливи брадавици им овозможува на мајките да уживаат во доењето. Балзамот е без мирис, а сите негови состојки се со растително потекло.
    Органско маслиново масло со омега 6 и 9 како главна активан состојка заради своите хранливи својства. Растителен глицерин за хидратавија и заштита на кожата и Витамин Е како природен антиоксиданс.
    Се нанесува во подебел слој на брадавиците по секој подој. Балзамот не треба да се исплакнува, тој ќе штити брадавиците до следното доење. Може да се нанесува по секој подој. Пакување: туба со капаче, 30ml.
  • Смирувачки балзам за гради - ладното време и сувиот воздух во просториите можат да предизвикаат потешкотии во спиењето и немирен сон кај новороденчињата, бебињата и децата.
    MUSTELA® Смирувачкиот балзам ќе пружи пријатно и релаксирачко чувство на бебето благодарејќи на екстрактите од природно потекло и освежувачки и прочистен мирис на бор. Клинички одкажана ефикасност на смирување и го опуштање на бебето пред спиење, спремајќи го за мирен сон.
    Формулацијата содржи освежувачки мирис од бор (прочистен екстракт, кој не е алерген), органски одгледано Avocado Perseose®, ши путер и екстракт од мед – оставајќи ја кожата мека и хидрирана, а истовремено смирува, давајќи  пријатно и релаксирачко чувство преку целаноќ. Лесната текстура е идеална за масажа и не остава лепливи траги.
    Се нанесува во тенок слој со блага масажа на градите и грбот на бебето. Пакување: туба со капаче, 40ml.
  • Хранлива Cold крема за лице со органски пчелин восок веднаш ја храни бебешката сува кожа на лицето и ѝ пружа долготрајна хидратација заштитувајќи ја од надворешните влијанија.
    Се употребува секојдневно, совршено е погодна за новороденчиња, бебиња и мали деца (вклучително и за предвремено родени бебиња). Нејзината нежна и богата тесктура е идеална за нанесување и лесно продира во кожата.
    Патентиран Дермо-Нутритивен комплекс од церамиди и Cold крема дополнет со екстракт од органски пчелин восок и органски одгледано Avocado Perseose® за исхрана и помош во одржувањето на природната бариера на кожата. Содржи и ши путер и природни масла богати со стероли и природни есенцијални масни киселини за исхранување и омекнување на кожата.
    Се нанесува наутро и навечер на лицето, како и пред секое излегување надвор. Пакување: туба со капаче, 40ml.

Title

Go to Top