ЗА НАС
Промедика Фармација е приватна веледрогерија основана во 1996 година со фокус на продажба и дистрибуција на фармацевтски производи. Нашата организација е структурирана да се занимава со увоз, складирање и логистика, продажба и маркетинг, регулаторни прашања и фармаковигиланца – користејки ја нашата ефикасна мрежа за дистрибуција на производи низ целата територија на Република Северна Македонија.
Успешно воспоставивме силна позиција на Македонскиот пазар, која континуирано ја развиваме со лансирање на широк спектар на производи на рецепт, ОТЦ производи, како и болнички лекови. Наша амбиција е секогаш да имаме атрактивно, висококвалитетно и разновидно портфолио на производи со најпристапни цени на пазарот, со цел најдобро да ги задоволиме барањата на нашите корисници. Долгогодишната доверба на нашите клиенти и корисници ни помогна да станеме една од водечките фармацевтски веледрогерии во државата и да бидеме позитивно препознаени од страна на сите учесници во здравствениот систем.
Во секторот фармација како посебна и специфична организациона единица е одделот за терциерно производство согласно Законот за лекови и медицински помагала на Р. Македонија. Просторот, опремата, кадарот како и процесите на означување во одделот за терциерно производство се во согласност со стандардите на Добра Производна Пракса (Good Manufacture Practice).
Контакт лице
Д-р Томислав Шалваринов, доктор на економски науки
Одговорно лице за увоз, извоз и царински постапки
Телефон: +389 2 3248 429
Е-пошта: angele@promedika.mk
ПРОМЕДИКА располага со повеќе од 1000 м2 најсовремено опремен магацински простор кој во целост ги задоволува барањата на Добра Дистрибутивна Пракса (Good Distribution Practice) и Добра Пракса на Складирање (Good Storage Practice).
ПРОМЕДИКА има специјализиран простор, опрема и возила, како и обучен кадар за увоз, складирање и дистрибуција на лекови од ладен ланец. Опремата на магацините покрај ладните комори вклучува фрижидери, дигитални термометри, дигитални мерачи на влажност и уред за алармирање на промените во температурата во ладните комори и фрижидерите. Коморите, термометрите и мерачите на влажност подлежат на континуирана годишна калибрација.
ПРОМЕДИКА врши дистрибуција на лекови до сите здравствени организации во Р. Македонија според стандардите за Добра Дистрибутивна Пракса (Good Distribution Practice).
ПРОМЕДИКА ја врши дистрибуцијата на лекови со сопствени возила од кои дел се наменети за транспорт на лекови од ладен ланец. Лековите кои подлежат на ладен ланец на транспорт се пакуваат во специјално дизајнирана амбалажа за таа намена и се дистрибуираат со разладни возила кои се опремени со најсовремени дигитални уреди за мерење и следење на температурата.
ФАРМАКОВИГИЛАНЦА
Во случај да сте лекар кој бара итна медицинска информација, кој сака да пријави несакан настан или рекламација на квалитетот на производот, може да се јавите на следниот број +389 70 32 74 54.
Алтернативно, можете да нѐ контактирате по факс на +389 2 3248 401, или e-mail: drugsafety@promedika.com.mk
Ние ќе Ве контактираме во текот на работното време. Во случај да се пријави рекламација на квалитет, Ве молиме чувајте примерок од производот во прашање.
Ул. Св. Кирил и Методиј бр. 50
п.фах 122, 1000 Скопје
+389 2 3248 401
пон-петок 08:00-16:00
сабота 10:00-14:00
