Home/MUSTELA STELATOPIA® масло за капење

MUSTELA STELATOPIA® масло за капење

STELATOPIA® масло за капење ја смирува и ја обновува кожата уште во текот на капењето. Веднаш го отстранува чувството на непријатност и затегање на кожата, со долготраен ефект.

Нежно ја чисти и создава заштитен слој на кожата. Го неутрализира ефектот на исушување по капењето кое се јавува заради поради тврдоста на водата. Се употребува од самото раѓање (вклучително и кај предвремено родени бебиња), па понатаму низ детската возраст. Со клинички докажана ефикасност.

Природни патентирани активни супстанции: дестилат од сончогледово масло кој ја смирува кожата и го надополнува недостатокот од липиди, кои се составен дел од кожната бариера; масло од органски одгледно Avocado Perseose® помага да се зајакне и обнови надворешната бариера на кожата која е оштетена кај атопичната кожа, Ши путер и глицерин од природно потекло.

Се нанесува на влажна кожа со блага масажа или се додава во водата за капење. По капењето се испира и нежно се брише со тапкање со мека крпа. Може да се користи  секојдневно, се препорачува и за акутната фаза.

Пакување: шише со пумпица, 500ml

Title

Go to Top