Дозирање и начин на употреба:
Вообичаено дозирање: 1 кесичка 2-3 пати на ден. Интервалот помеѓу дозите треба да биде најмалку 4 часа. Кај лица кои имаат нарушена бубрежна функција интервалот меѓу две дози треба да е најмалку 8 часа.
Содржината на кесичката се раствора во чаша (200 ml) со топла или ладна вода. Препорачливо е да е водата топла, но да не преминува 60°C.
Времетраење на употреба: 3-5 дена. Ако не се забележи олеснување на симптомите по 5 дневна употреба на препаратот, пациентот треба да се консултира со лекар.
Мерка на претпазливост: употребата на лекот може да предизвика поспаност. При примена не треба да возите или да ракувате со машини.
Пакување: 8 еднодозни кесички