Дозирање и начин на употреба:
– Деца со телесна маса 27-33kg (8-11 години): 1 шумлива таблета растворена во чаша вода. Максимална денвна доза 4 таблети (на 6 часа).
– Деца со телесна маса 33-50kg (11-15 години), по потреба 1 до 2 шумливи таблети растворени во чаша со вода, на 6 часа.
– Деца со телесна маса над 50kg и возрасни: 1-2 шумливи таблети растворени во чаша вода, по потреба, на 4 часа (не повеќе од 9 шумливи таблети за 24часа)
– Максимална дневна доза за возрасни е 4g/ден (12 шумливи таблети) – вообичаено, највисоката потребна доза е 3g/ден (9 шумливи таблети).
Интервалот меѓу две дози треба да биде најмалку 4 часа.
Времетраење на употреба: 3-5 дена. Ако не се забележи олеснување на симптомите, пациентот треба да се консултира со лекар.
Пакување и начин на чување: 10 шумливи таблети, да се чува на температура под 25°C.