Дозирање и начин на употреба:
Кај деца, дозата парцетамол зависи од телесната тежина на детето. Дозата парацетамол е 10-15mg/kg и се дава на секои 4-6 часа до максималната вкупна доза од 60mg/kg/ден. Најкус временски интервал меѓу две дози е 4 часа и да не се даваат повеќе од 4 дози за 24 часа.
Во пакувањето се наоѓа дозажна мерица, градуирана во килограми. Во зависност од телесната тежина на детето, со мерицата се одмерува потребното количество раствор со подесување на нивото на течноста до поделокот кој одговара на тежината на детето.
Времетраење на употреба: 3 дена. Ако не се забележи олеснување на симптомите, пациентот треба да се консултира со лекар.
Пакување и начин на чување: 90ml, да се чува на температура под 25°C.