• 2 во 1 гелот за миење коса и тело со органско авокадо е идеален за секојдневна употреба за бебешката и детската кожа и коса, од самото раѓање (вклучително и за предвремено родени бебиња), па понатаму низ детската возраст.
    Детално ги чисти и истовремено ги штити кожата и чувствителното теме на бебето и нежната кожа на детето. Ја смирува и хидрира кожата неутрализирајќи го ефектот на сушење на кожата после капење. Специјална формулација за капење без солзи. Практично пакување за патувања.
    Екстракт од органски одгледано Avocado Perseose®, растителен глицерин и благи сурфактанти за нежно чистење без исушување на кожата. Не содржи сапун.
    Се прави пена на рацете и нежно се нанесува на косата и телото. Се плакне. Пакување: туба со капаче, 200ml.
  • Mustela Cicastela – кремата за зацелување - против иритации, специјално дизајнирана за сува и осетлива кожа кај бебињата и децата.
    Смирува, хидрира и ја обновува иритираната кожа. Лесната структора која не масти, остава нелеплив заштитен филм кој овозможува да се продолжи со облекување на бебето/детето веднаш по нанесување на кремата. Иделана за третирање на дневните кожни иритации кај бебињата и децата (гребаници, ирититана кожа, каснување од инсекти).
    Се нанесува во тенок слој на иритираното место. Пакување: туба со капаче, 40ml.
  • HYDRA BÉBÉ® крема за лице со органско авокадо е за секојдневна нега на кожата на лицето.
    Се користи од самото раѓање (вклучително и кај предвремено родени бебиња), па понатаму низ детската возраст. Веднаш ја хидрира кожата и има долготраен ефект. Ја зајакнува кожната бариера правејќи ја кожата свиленкаста и мека.
    Екстракт од органски одгледано Avocado Perseose®, jојоба масло и витамин Е, кои ја штитат кожата од надворешни влијанија, правејќи ја хидрирана и мека, ши путерот ја омекнува, ја штити и ја храни надворешната кожна бариера.
    Се нанесува наутро и навечер на лицето со блага масажа. Пакување: туба со капаче, 40ml.
  • HYDRA BÉBÉ® лосионот за тело со органско авокадо е наменет за секојдневна нега на телото.
    Се користи од самото раѓање, па понатаму низ детската возраст (вклучително и кај предвремено родени бебиња). Ја зајакнува кожната бариера правејќи ја кожата хидрирана свиленкасто мека. Неговата флуидна структура и единствен мирис го прават омилен производ и кај родителите.
    Екстракт од органски одгледано Avocado Perseose®, сончогледово масло богато со стероли и незаситени масни киселини, витамин Е за заштита на кожата од надворешни влијанија и растителен глицерин кој го спречува непотребното губење на вода преку кожата.
    Се нанесува наутро и навечер на телото со блага масажа за потполно задоволствo.   Пакување: шише со пумпица, 300ml.
  • Musti тоалетната вода му дава посебна нота на свежина и нежност на вашето бебе, благодарение на суптилните цитрусни ноти и дискретниот мирис на јоргован и ружа.
    Може да се користи секојденвно,  со  нанесување на косата, вратот и облеката. Може безбедно да се користи од самото раѓање  (вклучително и кај предвремено родените бебиња).
    Формулацијата е со 97% состојки од природно потекло, збогатена со екстракт од мед и камилица,  познати по својот смирувачки ефект.
    Пакување: стаклено шишенце со прскалка, 50ml.
  • STELATOPIA® гел за туширање за лице и тело нежно ја чисти, а истовремено и ја штити кожата.
    Веднаш ја смирува кожата, ги ублажува иритациите и непријатното чувство на затегање. Kожата станува нежна, мека и свиленкаста. Формулација за капење без солзи со физиолошка pH вредност.
    Природни патентирани активни супстанции: дестилат од сончогледово масло кој ја смирува кожата и го надополнува недостатокот од липиди, кои се составен дел од кожната бариера; масло од органски одгледно Avocado Perseose® -помага да се зајакне и обнови надворешната бариера на кожата, оштетена кај атопичната кожа; Ши путер и глицерин од природно потекло. Формулацијата е без сапун. Се употребува од самото раѓање (вклучително и кај предвремено родени бебиња), па понатаму низ детската возраст.
    Се размачкува низ раце и се нанесува на телото со нежна масажа. Се испира и телото се брише-тапка со мека крпа Може да се користи  секојдневно и во акутната фаза на воспалението. Пакување: туба со капаче, 200ml.
  • STELATOPIA® емолиентен балзам за нега на кожата на тело и лице, се употребува од самото раѓање (вклучително и кај предвремено родени бебиња), па понатаму низ детската возраст.
    Хидрира, ги надополнува липидите и го смирува чешањето. Ја обновува оштетената кожна бариера кај атопичната кожа и ја зајакнува природната заштитна бариера. Ги зачувува матичните клетки од базалната мембрана.
    Природни патентирани активни супстанции-дестилат од сончогледово масло ја смирува кожата и го надополнува недостатокот од есенцијални липиди, составен дел од кожната бариера и масло од органски одгледано Avocado Perseose®  кое помага да се зајакне и обнови надворешната бариера на кожата, оштетена кај атопичната кожа. Карнауба восокот дава побогата екстура и создава дополнителен заштитен слој на кожата.
    Се нанесува два пати на ден или повеќепати, според потребата. Се препорачува комбинирана употреба со STELATOPIA® кремата за туширање или маслото за капење Пакување, туба со капаче, 200ml.

  • STELATOPIA® емолиентна крема за лице,  со екстракт од сончогледово семе, специјално е формулирана за бебиња со многу сува и атопична кожа.
    Овозможува долготрајна хидратација и го намалува цувството на чешање на иритираните делови од кожата на лицето. може да се користи кај бебиња (вклучително и кај предвремен родени бебиња) и деца. Може да се нанесува и на капаците и околу очите.
    Природни патентирани активни супстанции-дестилат од сончогледово масло ја смирува кожата, го намалува чешањето и го надополнува недостатокот од есенцијални липиди, составен дел од кожната бариера и масло од органски одгледано Avocado Perseose®  кое помага да се зајакне и обнови надворешната бариера на кожата, оштетена кај атопичната кожа. Екстракт од сладок корен кој го намалува црвенилото. Не содржи минерални масла и нема мирис.
    Се нанесува два пати на ден или повеќепати, според потребата. Може внимателно да се нанесува и на капаците и околу очите. Пакување: туба со капаче, 40ml.
  • STELATOPIA® масло за капење ја смирува и ја обновува кожата уште во текот на капењето. Веднаш го отстранува чувството на непријатност и затегање на кожата, со долготраен ефект.
    Нежно ја чисти и создава заштитен слој на кожата. Го неутрализира ефектот на исушување по капењето кое се јавува заради поради тврдоста на водата. Се употребува од самото раѓање (вклучително и кај предвремено родени бебиња), па понатаму низ детската возраст. Со клинички докажана ефикасност.
    Природни патентирани активни супстанции: дестилат од сончогледово масло кој ја смирува кожата и го надополнува недостатокот од липиди, кои се составен дел од кожната бариера; масло од органски одгледно Avocado Perseose® помага да се зајакне и обнови надворешната бариера на кожата која е оштетена кај атопичната кожа, Ши путер и глицерин од природно потекло.
    Се нанесува на влажна кожа со блага масажа или се додава во водата за капење. По капењето се испира и нежно се брише со тапкање со мека крпа. Може да се користи  секојдневно, се препорачува и за акутната фаза. Пакување: шише со пумпица, 500ml
  • MUSTELA SUN CARE со SPF 50+ за заштита на чувствителната бебешка и детска кожа од сонце.
    Mustela Sun care линијата е погодна за сите типови кожа, вклучувајќи ја и кожата многу чувствителна на сонце, склона кон алергии и атопичната кожа со егземи.
    Комбинација на органски и минерални филтери ја прави ефикасана против UVB и UVA зрачењето. Специјална формулација која добро се поднесува, без додадени бои и мириси, стабилна и отпорна на вода и пот. Пријатната текстура која лесно се размачкува, не остава бели трагови и не ги иритира очите. Се употребува од самото раѓање (0+).
    Се нанесува на лице и тело 20 минути пред кожата да се изложи на сонце. Се повторува по потреба, во интервали од неколку часа, а најдобро е и после капење и бришење. Пакување: туба со апликатор и вакуум празнење (за комплетно искористување) 100ml за за тело
  • MUSTELA SUN CARE со SPF 50+ за заштита на чувствителната бебешка и детска кожа од сонце.
    Mustela Sun care линијата е погодна за сите типови кожа, вклучувајќи ја и кожата многу чувствителна на сонце, склона кон алергии и атопичната кожа со егземи.
    Комбинација на органски и минерални филтери ја прави ефикасана против UVB и UVA зрачењето. Специјална формулација која добро се поднесува, без додадени бои и мириси, стабилна и отпорна на вода и пот. Пријатната текстура која лесно се размачкува, не остава бели трагови и не ги иритира очите. Се употребува од самото раѓање (0+).
    Се нанесува на лице и тело 20 минути пред кожата да се изложи на сонце. Се повторува по потреба, во интервали од неколку часа, а најдобро е и после капење и бришење. Пакување: туба со апликатор и вакуум празнење (за комплетно искористување) 40ml за лице

Title

Go to Top