• Гелот за капење со органско авокадо   Детално ги чисти и истовремено ги штити кожата и чувствителното теме на бебето и нежната кожа и коса на бебето/детето. Ја смирува и хидрира кожата отстранувајќи го ефектот на сушење на кожата после капење. Специјална формулација за капење без солзи.
    Екстракт од органски одгледано Avocado Perseose®, витамин Б5 со смирувачки ефект и благи сурфактанти за нежно чистење без исушување на кожата. Не содржи сапун.
    Се прави пена на рацете и нежно се нанесува на телото и темето на главата. Потоа се плакне. Пакување: шише со пумпица, 750ml.
  • Musti тоалетната вода му дава посебна нота на свежина и нежност на вашето бебе, благодарение на суптилните цитрусни ноти и дискретниот мирис на јоргован и ружа.
    Може да се користи секојденвно,  со  нанесување на косата, вратот и облеката. Може безбедно да се користи од самото раѓање  (вклучително и кај предвремено родените бебиња).
    Формулацијата е со 97% состојки од природно потекло, збогатена со екстракт од мед и камилица,  познати по својот смирувачки ефект.
    Пакување: стаклено шишенце со прскалка, 50ml.
  • 2 во 1 гелот за миење коса и тело со органско авокадо е идеален за секојдневна употреба за бебешката и детската кожа и коса, од самото раѓање (вклучително и за предвремено родени бебиња), па понатаму низ детската возраст.
    Детално ги чисти и истовремено ги штити кожата и чувствителното теме на бебето и нежната кожа на детето. Ја смирува и хидрира кожата неутрализирајќи го ефектот на сушење на кожата после капење. Специјална формулација за капење без солзи. Практично пакување за патувања.
    Екстракт од органски одгледано Avocado Perseose®, растителен глицерин и благи сурфактанти за нежно чистење без исушување на кожата. Не содржи сапун.
    Се прави пена на рацете и нежно се нанесува на косата и телото. Се плакне. Пакување: туба со капаче, 200ml.
  • Благиот шампон за коса нежно ја чисти косата и спречува да се замоткува и да се мрси.
    Може да се користи од самото раѓање (вклучително и кај предвремено родени бебиња) и низ детската возраст. Идеален за секојдневно миење на бебешката и детската коса. Специјална формулација за капење без солзи.
    Екстракт од органски одгледано Avocado Perseose®, благи сурфактанти кои нежно чистат, спречувајќи исушување на кожата на главата. Eкстракт од камилица за омекнување. Не содржи сапун.
    Се нанесува мало количество од шампонот на водена коса. Се масира главата, а потоа се плакне, оставајќи нежен мирис на косата. Пакување: шише со капаче, 200ml
  • Благиот шампон за коса - нежно ја чисти косата и спречува да се замоткува и да се мрси.
    Може да се користи од самото раѓање (вклучително и кај предвремено родени бебиња) и низ детската возраст. Идеален за секојдневно миење на бебешката и детската коса. Специјална формулација за капење без солзи.
    Екстракт од органски одгледано Avocado Perseose®, благи сурфактанти кои нежно чистат, спречувајќи исушување на кожата на главата. Eкстракт од камилица за омекнување. Не содржи сапун.
    Се нанесува мало количество од шампонот на водена коса. Се масира главата, а потоа се плакне, оставајќи нежен мирис на косата. Пакување: шише со капаче, 500ml
  • HYDRA BÉBÉ® лосионот за тело со органско авокадо е наменет за секојдневна нега на телото.
    Се користи од самото раѓање, па понатаму низ детската возраст (вклучително и кај предвремено родени бебиња). Ја зајакнува кожната бариера правејќи ја кожата хидрирана свиленкасто мека. Неговата флуидна структура и единствен мирис го прават омилен производ и кај родителите.
    Екстракт од органски одгледано Avocado Perseose®, сончогледово масло богато со стероли и незаситени масни киселини, витамин Е за заштита на кожата од надворешни влијанија и растителен глицерин кој го спречува непотребното губење на вода преку кожата.
    Се нанесува наутро и навечер на телото со блага масажа за потполно задоволствo.   Пакување: шише со пумпица, 300ml.
  • HYDRA BÉBÉ® крема за лице со органско авокадо е за секојдневна нега на кожата на лицето.
    Се користи од самото раѓање (вклучително и кај предвремено родени бебиња), па понатаму низ детската возраст. Веднаш ја хидрира кожата и има долготраен ефект. Ја зајакнува кожната бариера правејќи ја кожата свиленкаста и мека.
    Екстракт од органски одгледано Avocado Perseose®, jојоба масло и витамин Е, кои ја штитат кожата од надворешни влијанија, правејќи ја хидрирана и мека, ши путерот ја омекнува, ја штити и ја храни надворешната кожна бариера.
    Се нанесува наутро и навечер на лицето со блага масажа. Пакување: туба со капаче, 40ml.
  • Мицеларна вода со органско авокадо е наменета за чистење на лицето и пеленската регија кај бебињата и децата (вклучително и кај предвремено родени бебиња), во еден чекор оставајќи ја кожата мека и мирисна.
    Не остава лепливи траги и нема потреба од плакнење. Може да се користи секогаш кога не сте во можност да го искапете бебето/детето или пак само за освежување.
    Екстракт од органски одгледано Avocado Perseose®, алантоин, екстракт од лист од Aloe Vera, благи сурфактанти кои нежно ја чистат, а не дозволуваат сушење на нежната бебешка кожа.
    Се нанесува со памукче на лицето, телото или пеленската регија, по потреба. Не се плакне. Пакување: шише со пумпица, 300ml.
  • Смирувачки балзам за брадавици – ја смирува и обновува кожата на брадавиците и ја одржува удобна во текот на доењето.
    Посебно формулиран за заштита на осетливи брадавици им овозможува на мајките да уживаат во доењето. Балзамот е без мирис, а сите негови состојки се со растително потекло.
    Органско маслиново масло со омега 6 и 9 како главна активан состојка заради своите хранливи својства. Растителен глицерин за хидратавија и заштита на кожата и Витамин Е како природен антиоксиданс.
    Се нанесува во подебел слој на брадавиците по секој подој. Балзамот не треба да се исплакнува, тој ќе штити брадавиците до следното доење. Може да се нанесува по секој подој. Пакување: туба со капаче, 30ml.
  • Влажни марамчиња за бришење со органско авокадо нежно и ефикасно ја чистат бебешката кожа (вклучително и за предвремено родени бебиња): лице, рачиња и пеленска регија, правејќи ја мека и хридирана.
    Нежно и ефикасно ја чистат бебешката кожа (вклучително и за предвремено родени бебиња): лице, рачиња и пеленска регија, правејќи ја мека и хридирана.
    Екстракт од органски одгледано Avocado Perseose®, растителен глицерин, кој ја хидрира кожата и спречува понатамошно губење вода, сапонини (природно средство за чистење), алантоин кој ја омекнува кожата.
    Со марамче се бришат лицето, рачињата или пеленската регија. Нема потреба од испирање. Пакување: x25 и x70 марамчиња.
  • Серум за корекција на стрии – Овој серум делува на новонастанатите стрии балгодарејќи на големата хидрирачка моќ на активните супстанции.
    Овој серум со клинички докажана ефикасност, ја јакне кожата, ја враќа еластичноста и го подобрува изгледот намалувајќи ја должината, ширината и изгледот на стриите. Може да се користи и во тек на бременоста и после породувањето. Има лесна гел текстура и брзо се впива.
    Екстракт од масло од маракуја ја зајакнува еластичноста на кожата и ја прави мека и нежна. Масло од органски одгледано Avocado Perseose® кое содржи висока концентрација есенцијални масни киселини кои помагаат во обновувањето и одржувањето на хидролипидниот филм кој е ослабен во тек на бременоста Масло од органски одгледано авокадо и глицери од растително потекло.
    Наутро и навечер се нанесува  со капалка на стриајат или на дланките па се масира стријата (д ане се нанесува на ожилок од царски рез). Времетраење на третман – 8 недели. Пакување: стаклено шише со капалка, 45ml.
  • Нежен сапун за капење со Cold крема и органски пчелин восок се користи секојдневно, за миење на лице и тело на бебиња и деца, како и на новороденчиња (вклучително и предвремено родени бебиња и бебиња во одделенијата за интензивна нега).
    Нежно ја чисти, ја хидрира и ја храни кожата, без да се појави ефектот на исушување кој настанува од тврдата вода.
    Пчелиниот восок од органскиот пчеларник, комбиниран со cold кремата е идеална нега и заштита на кожната бариера на бебешката и детската кожа. Церамидите и cold крема помагаат во обновувањето на хидролипидниот филм на кожата.
    Се прави пена во рацете и нежно се насапунуваат претходно навлажнетите тело и лице, потоа се исплакнува. Пакување: 100g.

Title

Go to Top